ОВР Кичево поднесе кривична пријава против А.Д.(43) од кичевското село Колари, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“ по член 244 од Кривичниот законик.
Тој, на градежна парцела во близина на месноста „Сеферов бунар“ во Кичево, без да обезбеди одобрение и друга соодветна документација, започнал градба на објект, со што постапил спротивно на членот 136 од Законот за градење.
Нелегалната градба ја констатирал овластениот градежен инспектор при општина Кичево.