Храна и Пијалаци рецепт

Крофнички од тиква

Толку меки со боја на дукат.

Крофнички од тиква

Толку меки со боја на дукат.

Состојки:

450 грама излупена тиква (печена)
250 мл млеко
450 грама брашно
20 грама квасец
2 лажици шеќер
прстофат сол
50 грама суво грозје (потопете го во малку рум )
шеќер во прав за посипување
цимет

Подготовка:

Изгмечете го квасецот со прстофат шеќер и една лажичка брашно во малку млеко и оставете го да нарасне.

Ставете го брашното во сад и додадете го квасецот, остатокот од млекото, шеќерот, малку сол, тиквата и сувото грозје.

Месете го тестото со миксер, матејќи го малку за да се направат меурчиња.

Оставете го тестото да отстои најмалку 1 час.Пржете ги во врело масло.

Извадете ги на кујнска хартија за да го впијат вишокот маснотии, по желба наросете ги со шеќер во прав и цимет.

To top