Без вода во моментов е Старата чаршија поради уличен дефект на улицата „Леблеџиска“, соопштија од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје.
Оттаму потенцираа дека водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со санација на дефектот.