Македонија за голема жал и траор во „соседството“

Пред 135 години: Првата докторска дисертација за македонскиот јазик на Мазинг

Пред 135 години: Првата докторска дисертација за македонскиот јазик на Мазинг

На 27 ноември 1890 (кога Тито не бил ни роден) балто-германскиот лингвист Леонард Готхилф Мазинг ја одбранил првата докторска дисертација за македонскиот јазик на тогашниот Дерптски универзитет (денес Тарту) во Естонија.

Младиот студент дошол во Тарту да студира теологија, но не тргнал по стапките на татко си и не станал свештеник, туку филолог.

Клучна улога во запознавањето со Македонија, како што Леонард Мазинг објаснува во својата докторска дисертација, имале двајца Македонци кои ги запознал во текот на неговите студии во Лајпциг и во Петроград: велешанецот Иван Ѓоргов и Димитар Топеничаров, по потекло од Охрид.

Мазинг оставил и лична кореспонденција со големиот поддржувач на македонскиот јазик – професорот Иван Александрович Бодуен де Куртене, кој бил негов ментор а му бил професор и на Крсте Петков Мисирков.

Најнови вести од Македонија

To top