Музика Подготовките за најавениот концерт на 25 декември

Музичкиот времеплов на „Меморија“ го заврте првиот круг: Поставата од почетоците се собра на првата проба

Подготовките за најавениот концерт на 25 декември во МКЦ насловен „Музички времеплов“ на култната македонска поп-рок група „Меморија“ започнаа. Бендот она што го најавуваше почна да го спроведува во дело, па така вчеравечер, среда 26 ноември една од првите постави од самите почетоци на постоењето на „Меморија“ се собра во студиото „Тра Ла Ла“ на Мите Димовски и ја одработи првата проба.

По над четири децении, покрај лидерот и основач на бендот, вечниот член Петар Георгиевски Камиказа (бас), повторно заедно застанаа да свират тапанарот Антонио Димитриевски, клавијатурстот Нино Бошњаковски, ритам гитараистот Ристо Ицо Јовковски, соло гитаристот Игор Атанасовски – Харе, гитаристот и вокал, Александар Стефановски – Јаблан.

ВИС Меморија

Ним ги придружуваа во поедини нумери и двајца актуелни членови на групата, клавијатуристот Давор Јордановски и в.д. тапанарот на бендот Мите Димовски во чие студио се одвиваат пробите за „концертната прошетка по спомените“ закажана за 25-ти декември во „Дансинг салата“ на култниот МКЦ.

На првата проба беа увежбувани три нумери, познатиот хит „Одам за секогаш“, како и „Пробај да ги затвориш очите“ и „Жорж“ кои новата постава на „Меморија“ ретко, ако не и воопшто во последно време не ги изведувала, така што тие заедно со уште еден грст доплнителни нумери ќе бидат вистинско изненадување и освежување за публиката.

ВИС Меморија

Во својата Фејсбук објава, Перо – Камиказа споделил:

„Втората постава на Меморија ја заврши успешно првата проба. Тука ќе се придружи и Валентино Скендеровски од утре. Сем јас и Јаблан ова беа такаречи деца. Од лево на десно: Харе, Нино, Тони, Јаблан, Давор, Јас, Ице и Мите кој не слика. Оваа постава свиреше од крајот на 1985 до 1986. Песните снимени во оваа постава се “Одам за секогаш“, “Пробај да ги затвориш очите“ и “Жорж“. Утре утврдување на материјалот, па друга постава од петок. Ќе биде лудо и незаборавно во МКЦ на 25 декември. Утре пуштаме карти. Јуришшшш…“ – напишал тој покрај споделената фотографија покрај постот.

ВИС Меморија

Најнови вести од Музика

To top