Скопје

„Катастар до тебе“ во Општина Ѓорче Петров

„Катастар до тебе“ во Општина Ѓорче Петров

Директно и отворено со граѓаните – така изгледаше вчерашната средба со тимот на Агенцијата за катастар на недвижности, која во рамки на националната кампања „Катастар до тебе“ беше реализирана и во нашата Општина Ѓорче Петров.

Граѓаните имаа можност:
– да постават прашања,
– да добијат стручни совети,
– да решат конкретни катастарски ситуации,
сѐ тоа преку непосредна комуникација со претставниците на Агенцијата.

-Големиот интерес на нашите сограѓани покажува дека ваквиот пристап е навистина потребен. Затоа оваа иницијатива продолжува и понатаму – со иста цел: транспарентен, достапен и ефикасен Катастар, поблиску до секој граѓанин. Ѓорче Петров – секогаш чекор напред, вели градоначалникот на Општината, Александар Стојкоски.

Најнови вести од Скопје

To top