Македонија SEDM – South East Defence Ministerial

Мисајловски на министерски состанок на процесот СЕДМ во Сараево

Министерот за одбрана Владо Мисајловски заедно со министрите за одбрана на земјите од регионот, денеска во Сараево, Босна и Херцеговина, ќе учествува на состанокот на министри за одбрана на земјите од Југоисточна Европа кои се дел од иницијативата SEDM – South East Defence Ministerial.

На состанокот, како што, соопшти Министерството за одбрана, е предвидено да се разговара за клучните безбедносни предизвици на глобално ниво кои имаат влијание врз целиот регион, како и за натамошниот развој на овој процес во чии рамки функционира и Бригадата на Југоисточна Европа (SEEBRIG).

Во Босна и Херцеговина министерот Мисајловски ќе ги посети и припадниците на македонската Армија кој даваат придонес во операцијата на Европската Унија, ЕУФОР – АЛТЕА и ќе оствари средба со командантот на ЕУФОР, генерал-мајор, Флорин-Мариан Барбу.

To top