Физичка пресметка се случила синоќа во Кавадарци, кај едно од лицата биле измерени 1,80 промили алкохол во крвта, информираа попладнево од Секторот за внатрешни работи Велес.
– Синоќа во 20:30 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Б.М.(30), а ги привеле Е.П.(39), Р.П.(30) и А.П.(25), сите од овој град. Според пријавеното, на улица „Клинска“ во Кавадарци, Б.М. физички го нападнал малолетниот син на Е.П., а потоа бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу таткото на малолетникот, Р.П. и А.П. од една страна и Б.М. од друга страна. При преземање на мерки, кај Е.П. биле измерени 1,80 промили алкохол во крвта, појаснија од СВР Велес.
Како што додадоа оттаму, Б.М. и Е.П. биле задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настаните, ќе биле поднесени соодветни пријави.