Поради дефект на затварач – шибер на улицата „Рудо“, без вода за пиење во моментов се корисниците од улицата и три крака од број 1 до број 50, соопштија утрово од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности.