Република Василево

Ќе се асфалтира дел од регионалниот пат кај населеното место Владиевци

Во соработка со ЈПДП, овие денови се изведуваат активности за тампонирање, а во следната фаза следува и конечното асфалтирање.

Ќе се асфалтира дел од регионалниот пат кај населеното место Владиевци

Во населеното место Владиевци, во тек се подготвителни активности за асфалтирање на дел од регионалниот пат Р 1403 кој се поклопува со улица во самото населено место. Се работи за делот, односно улицата на потегот од игралиштето, покрај амбулантата во правец на излезот од населеното место, во должина од околу 580 метри, ширина на асфалтната лента од 3,5 метри и по еден метар банкини од двете страни на улицата. Активностите ги реализира Јавното претпријатие за државни патишта.

Информација и фотографии од терен, преку својот ФБ профил, сподели градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов.

„Уште едно наше ветување станува реалност. За прв пат ќе се асфалтира делот од регионалниот пат во Владиевци кој поминува покрај амбулантата – делница која со години претставуваше проблем за граѓаните. Во соработка со ЈПДП, овие денови се изведуваат активности за тампонирање, а во следната фаза следува и конечното асфалтирање.

Работиме плански, посветено и со единствена цел – подобар и побезбеден живот за граѓаните на Општина Василево“, стои во ФБ објавата на градоначалникот Андонов.

To top