Скопје Унапредување на комуналните услуги

Модернизирање на опремата на ЈКП „Илинден“ за поквалитетни услуги на граѓаните

Во рамки на набавката, обезбедени се 15 противпожарни метли и 10 грбни прскалки за гаснење пожари, како и нова опрема за одржување на јавната чистота: моторни косилки – тримери, моторна пила, бензинска косилка и моторна прскалка – дувалка.

Модернизирање на опремата на ЈКП „Илинден“ за поквалитетни услуги на граѓаните

Во насока на унапредување на комуналните услуги и обезбедување поквалитетен живот за граѓаните, Општина Илинден продолжува со вложување во модернизација и подобрување на опремата на општинските јавни комунални претпријатија.

Со цел поефикасно одржување на јавната чистота, зеленилото и парковите, како и зголемување на безбедноста на целата територија на општината, набавена е нова противпожарна опрема за потребите на ЈКП „Илинден“.

Новата опрема беше промовирана во присуство на градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој истакна дека континуираното обновување на механизацијата и опремата е клучно за брзо, квалитетно и ефикасно извршување на комуналните услуги. Тој потенцираше дека набавката на противпожарна опрема е од особена важност, бидејќи значително го зголемува капацитетот за помош при интервенции во случај на пожар.

Во рамки на набавката, обезбедени се 15 противпожарни метли и 10 грбни прскалки за гаснење пожари, како и нова опрема за одржување на јавната чистота: моторни косилки – тримери, моторна пила, бензинска косилка и моторна прскалка – дувалка.

Јавното комунално претпријатие „Илинден“ и понатаму ќе продолжи да ги извршува своите редовни надлежности за собирање и транспортирање на комунален отпад, одржување на јавната чистота, уредување на парковите и на зелените површини, одржувањето на улиците, сообраќајниците и пешачките патеки, како и на јавното осветлување. Со новата опрема, ЈКП „Илинден“ ќе може, исто така, уште поактивно да учествува и да помага при гаснењето на пожари, со што ќе придонесе за поголема безбедност и заштита на граѓаните и јавните површини.

To top