Во насока на обезбедување на квалитетни и ефикасни комунални услуги за потребите на граѓаните, општина Илинден континуирано работи на опремување и модернизирање на јавните општински комунални претпријатија.
За поквалитетно одржување на јавната чистота, одржување на јавните зелени површини набавена е работна машина, трактор со приклучна механизација, телескопска рака за косење и кастрење вегетација (мулчер).
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски кој денеска присуствување на промоцијата на новото возило истакна дека ќе се користи за одржување на јавните зелени површини, чистење на локалните патишта од вегетација, пришто ќе се допринесе за зголемување на безбедноста во сообраќајот како и отстранување на покрупната вегетација на тешко пристапни места. Градоначалникот додаде дека во наредниот период за ова возило планирано е да се набави дополнителна приклучна механизација која ќе се користи за метење улици, чистење на патишта во зимски услови, пошумување и озеленување, превоз на отпад и заорување на противпожарни појаси.
Со континуираното модернизирање и обновување на опремата на јавните комунални претпријатија се овозможува поквалитетна, побрза и поефикасна комунална јавна услуга за граѓаните, но и придонес општина Илинден денес да биде една од најчистите општина во државата и во регионот.