Македонија временска прогноза

Утре променливо облачно време со повремен локален дожд – интензивни врнежи во среда и четврток, на планините снег

Утрешниот ден ќе донесе променливо облачно време со сончеви периоди. Во западните делови од земјата се очекува повремен локален дожд, додека низ останатите региони ќе биде претежно суво.

Ќе дува умерен до засилен јужен ветер, кој повремено ќе создава невообичаено топло време за овој период од годината.

Во Скопје се очекува променливо облачно време со сончеви интервали. Ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер.

ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Циклон носи дожд, студ и снег на планините

Facebook/UHMR

Под влијание на нов бран циклони до сабота ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд низ целата држава.

Најинтензивни врнежи се очекуваат во среда и четврток, кога на повисоките планини дождот ќе преминува во снег.

Од среда ветерот ќе го смени правецот во северен, што ќе донесе пад на температурите и посвежо време.

To top