Останати спортови

Италија со „хет-трик“ во Дејвис Купот

Италија со „хет-трик“ во Дејвис Купот

Репрезентацијата на Италија ја освои Дејвис куп титулата за 2025 година, продолжувајќи ја својата историска доминација во битката за овој престижен тениски трофеј.

Со триумфот кој го запечатија во финалето над селекцијата на Шпанија, Италијанците дојдоа до третата последователна титула, подвиг што никој не успеал да го повтори уште од 1972 година и со тоа се впишаа во тениската историја како прва селекција што успеала да направи вакво ремек-дело во модерната ера на натпреварувањето.

Ова достигнување претставува уште еден исклучителен момент за италијанскиот тенис, кој последниве години доживува невидена експанзија и успеси на сите фронтови.

Италија ја мина целата сезона со зрелост, правејќи малку грешки во клучните моменти, а нивната стабилност во сингл и двојки го претвори патот до финалето во серија на уверливи настапи иако во некои мечеви беа без главниот адут Јаник Синер.

Третиот трофеј по ред носи дополнителна тежина затоа што му дава ново значење на периодот што многумина веќе го нарекуваат златна ера на италијанскиот тенис.

 

To top