Холандската армија употреби оружје против беспилотни летала, што синоќа биле забележани над военовоздухопловната база Фолкел, соопшти денеска холандското Министерство за одбрана.
Инцидентот се случи синоќа над базата Фолкел, што е лоцирана во близина на границата со Германија.
Холандската воена полиција почна истрага за инцидентот.