Новата Мис Универзум е Мексиканката Фатима Бош.
Натпреварот за Мис Универзум 2025 беше свечено одржан во Тајланд, а титулата ѝ припадна на убавицата од Мексико, Фатима Бош (25).
View this post on Instagram
Првата придружничка е Мис Тајланд, втората е Мис Венецуела, а третата е Мис Филипини.
Дваесет и петгодишната Бош стана четвртата победничка од Мексико, откако претходно го напушти официјалниот настан на почетокот на месецот поради јавен конфликт со организаторот Навато Икараграчила, кој ја критикуваше пред десетици учеснички за тоа што не објави промотивна содржина и се закани со дисквалификација.
View this post on Instagram