Македонија Министерство за правда

Деребан: Законот за Судскиот совет ја помина целата владина процедура

-Заедно со одредени евентуални забелешки, со кои повторно ќе бидат надградени законските решенија, веднаш ќе биде испратен во собраниска процедура, истакна тој.

Деребан: Законот за Судскиот совет ја помина целата владина процедура

Законот за Судскиот совет ја помина целата владина процедура и на последната седница на Владата е донесен законот, вели Ален Деребан, заменик министер за правда.

-Изминатата година Министерството за правда интензивно работеше на овие закони. Најголемиот дел од нив се однесуваа на платите на судиите, јавните обвинители, членовите на советите и слично. Во тој сет на закони беше и Законот за судски совет. Законот беше изработен, беа одржани јавни расправи, испратен до Венецијанската комисија, препораките беа имплементирани, рече тој.

Очекува во брз период откако ќе биде пратен во Европска комисија да биде доставен до нив.

-Заедно со одредени евентуални забелешки, со кои повторно ќе бидат надградени законските решенија, веднаш ќе биде испратен во собраниска процедура, истакна тој.

To top