Свет Русија

Лавров: Западот се обидува да ја преправи историјата

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска ја обвини меѓународната заедница дека се обидува да ја преправи историјата, особено во однос на Украина

Лавров: Западот се обидува да ја преправи историјата

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска ја обвини меѓународната заедница дека се обидува да ја преправи историјата, особено во однос на Украина.

– Постојат цинични обиди да се преправи историјата, да се намали одлучувачката улога на народот на Советскиот Сојуз и Црвената армија во поразот на нацистичка Германија, да се оправдаат нацистите и нивните послушници и окупаторите да се изедначат со ослободителите, изјави Лавров во видео-обраќањето на Меѓународниот научно-практичен форум „Без застарување. Нирнберг. 80 години“.

Тој посочи дека Западот денес ги игнорира заклучоците од Нирнберг и лекциите од Втората светска војна.

– Ова денес е најочигледно во Украина, каде што, како резултат на државниот удар поддржан од НАТО во 2014 година, сили опседнати со омраза кон сè што е поврзано со Русија, ја презедоа власта, истакна Лавров.

To top