Македонија иницијативи во бизнис-заедницата

Премиерот Мицкоски на настан од Германско-македонската стопанска комора, можност за размена на искуства

Настанот беше одлична можност за вмрежување и запознавање со актуелните трендови и иницијативи во бизнис-заедницата, напиша премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски на настан од Германско-македонската стопанска комора, можност за размена на искуства

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствувал на настан организиран од Германско-македонската стопанска комора, кој, како што вели бил одлична можност за вмрежување и запознавање со актуелните трендови и иницијативи во бизнис-заедницата.

-Денеска присуствував на настанот организиран од Германско-македонската стопанска комора, каде што имав можност да слушнам корисни презентации и да размениме искуства со присутните. Настанот беше одлична можност за вмрежување и запознавање со актуелните трендови и иницијативи во бизнис-заедницата, напиша премиерот Мицкоски на својот фејсбук профил.

Денеска присуствував на настанот организиран од Германско-македонската стопанска комора, каде што имав можност да…

Posted by Hristijan Mickoski on Среда, 19 ноември 2025

На состанокот присуствувал и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

-Раст на економијата, нови инвестиции и нови работни места е приоритет број еден. Политиките што ги спроведуваме ги насочуваме директно кон остварување на овие цели. Благодарност до Германската амбасада, до Германското стопанство во Македонија и Германскиот економски тим за придонесот и поддршката кон реализација на економските политики, напиша Николоски на неговиот фејсбук профил.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Раст на економијата, нови инвестиции и нови работни места е приоритет број еден.

Политиките што ги спроведуваме ги…

Posted by Aleksandar Nikoloski on Среда, 19 ноември 2025

Соработката со нашите меѓународни партнери, додава тој, нуди силна поддршка во поттикнување на економскиот раст, стабилноста на државата и одржливиот развој.

Најнови вести од Македонија

To top