Општина Бутел започна со подготовките за претстојните новогодишни празници Активностите за поставување на новогодишната декорација се веќе во тек, објави на социјалната мрежа на Фејсбук градоначалникот на општината Дарко Костовски.
-И оваа година новогодишната бајка повторно ќе пристигне во општина Бутел. Оваа година ќе го имаме најубавото украсување и најубавата новогодишна бајка! Активностите за новогодишно украсување се во тек и наскоро нашата општина ќе блесне во новогодишно руво!, пишува Костовски во својата објава.