И покрај поразот во финалето на ВТА турнирот, белоруската тенисерка Арина Сабаленка ја заврши сезоната на врвот на светската ранг-листа, потврдувајќи го својот статус на кралица на теренот.
За да ги наполни батериите – и ментално и физички – таа ги избра рајските Малдиви, патувајќи таму со своето момче, Георгиос Франгулис.
View this post on Instagram
Сепак, дури и на одмор, далеку од притисокот на натпреварите, Арина не ги заборава своите лојални обожаватели и великодушно споделува сончеви фотографии со нив.
View this post on Instagram
„Бикини → Фустан на целата недела“, напиша Сабаленка за најновата серија фотографии кои ги објави на социјалните мрежи.
Сè на сè, најдобрата тенисерка во светот се чини дека ужива како никогаш досега.
View this post on Instagram
Оваа година, таа го освои Отвореното првенство на САД, а беше поразена во финалето на Отвореното првенство на Австралија и Ролан Гарос, додека беше сопрена во полуфиналето на Вимблдон.