Состојки:
200 грама пилешки гради
мала конзерва бел грав
6 дл пилешки бујон
1 кромид
1,5 дл доматно пире
2 моркови
2 стебла целер
200 грама печурки
3 чешниња лук
маслиново масло
зачини: сол, бибер, мајчина душица, ловоров лист, ако сакате луто, можете да додадете лута пиперка
Подготовка:
Исчистете го и исецкајте го зеленчукот. Измијте го месото и исечете го на ленти или коцки. Пржете го кромидот, морковот, целерот, печурките и лукот во маслото. Кога зеленчукот ќе омекне, додадете го месото и пржете додека не порумени. Додадете го бујонот, доматното пире , гравот и зачините и гответе околу 45 минути. Добар апетит!