Започнува пријавувањето за набавка на електронски уред за студентите, со рок до 20-ти декември, на порталот uslugi.gov.mk.
Искорисувањето на ваучерот можете да го направите до 31 декември кај економските оператори објавени јавно на веб страната на Владата.
Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска на својот Фејбук профил им се обрати на студентите, а во видеото во продолжение слушнете ги условите.
-За мене нема посимболичен начин да се честита Меѓународниот ден на студентите, особено за нашите студенти во Република Македонија, убава вест, од денес официјално започнува пријавувањето за набавка на електронски уред за нашите студенти, истакна таа.