Македонија

ДОКУМЕНТИ: Иста таква машина за бележење за која обвинува СДС, набавила и општина Струмица, не за две туку за 15 илјади евра, во чии џебови завршиле парите

ДОКУМЕНТИ: Иста таква машина за бележење за која обвинува СДС, набавила и општина Струмица, не за две туку за 15 илјади евра, во чии џебови завршиле парите

СДС брутално лаже за набавката на машините за бележење сообраќајници, одејќи со наратив дека е голема афера, а всушност станува збор за домаќинска набавка, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-СДС вели дека таквата машина можела да се набавки за (цитираме) „две до три илјади евра“. Еве и да речеме дека е така, во прилог е линк на набавка на таква машина која ја направила општината Струмица каде градоначалник е Коста Костадинов од СДС. Таквата машина е набавена за сума од 15 илјади евра, или за 6 пати повисока од таа што тврди СДС дека може да се набави. Оттука следствено на тоа ќе ги поставиме истите прашања кои ги поставува СДС. Што и да кажат и лажат од клептоманската СДС, јасно е дека градоначалници на СДС се фатени со рацете во медот. Наместо да се обидуваат да ја манипулираат јавноста, од СДС да кажат во чии џебови завршиле астрономските разлики, велат од партијата.

Линкот од документот можете да го најдете ТУКА.

Најнови вести од Македонија

To top