УЈП преку брифинзи на одредени медиуми ги призна информациите на ВМРО-ДПМНЕ дека постои лажен поврат на ДДВ преку кој се одливале милиони од државната каса во приватни џебови, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Целата оваа афера е во надлежност на заменик претседателката на СДС и директорка на УЈП Сања Лукаревска.
Каков претседател, таков заменик претседател.
Вистинското прашање е што правела Лукаревска? Каква е нејзината врска со оваа афера?
Кои се омилените фирми на власта кои влечеле милиони евра фиктивно од државниот буџет?
Дали меѓу нив има фирми блиски до СДС и ДУИ?
Нема сегмент од каде оваа криминална банда не краде.
Овие клептомани ќе украдат дете од мајка, а не пак да го чуваат државниот буџет.
Европскиот фронт, неевропски краде. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме!