Со Месечината во Девица, а потоа во Вага, овој викенд носи мирна, практична и хармонична енергија.
Првите денови се одлични за организација и завршување на ситни задачи, а потоа следува период за обновување на балансот и односите. Ќе има повеќе дипломатски разговори, а помалку конфликти, но само ако ние така избереме.
Овен
Вие сакате движење, но овој викенд бара малку трпение. Добро е да не реагирате веднаш кога некој ве провоцира. Наместо тоа, фокусирајте се на физичка активност – прошетка, спорт, уредување на домот. Не почнувајте расправии за мали нешта; ќе ви одземат енергија која може да ја вложите во нешто покорисно.
Што да направите: исчистете го просторот, средете ја неделната агенда.
Што да избегнувате: импулсивни одлуки и нетрпение.
Бик
Месечината во Девица ви носи инспирација да направите нешто убаво за себе – готвење, уредување, грижа за телото. Од сабота, кога Месечината преминува во Вага, обрнете внимание на рамнотежата меѓу работа и одмор. Ако сте претерале со обврските, време е да се исклучите.
Што да направите: посветете време на пријатни активности и вкусна храна.
Што да избегнувате: преоптоварување со туѓи проблеми.
Близнаци
Вашиот ум е полн со идеи, но викендов добро ќе ви дојде да поминете време во тишина. Со Месечината во Вага, обидете се да се поврзете со креативноста, уметност, пишување, музика. Внимавајте да не ветувате повеќе отколку што можете да исполните.
Што да направите: уживајте во лесни разговори и друштво што ве смирува.
Што да избегнувате: преголема анализа на туѓите постапки.
Рак
Емоционалната стабилност ви се подобрува благодарение на Јупитер кој е ретрограден во вашиот знак, а Месечината во Девица ве поттикнува да го средирате домот. Од сабота навечер, приоритет ќе бидат блиските односи, разговарајте, не се повлекувајте. Ќе почувствувате топлина ако покажете ранливост.
Што да направите: време со семејство или личност што ве разбира.
Што да избегнувате: затворање во себе кога нешто ве боли.
Лав
Викендов ве носи кон рамнотежа. Ако последните денови беа хаотични, ова е време да забавите. Лунарната енергија во Вага ве учи дека силата не е во контролата, туку во способноста да слушате. Избегнувајте драма и покажете зрелост во комуникацијата.
Што да направите: одморете се, прочитајте нешто инспиративно.
Што да избегнувате: влегување во натпревар со луѓе што не слушаат.
Девица
Месечината во вашиот знак ви дава енергија да организирате, расчистите и поставите ред во вашиот живот. Од сабота, атмосферата станува помека и полесна, ова е добар момент за хармонија во врските. Ако нешто ве мачи, кажете го мирно, без критика.
Што да направите: планови за следната недела, грижа за здравјето.
Што да избегнувате: премногу самокритика.
Вага
Со Месечината во вашиот знак кон крајот на викендот, повторно ќе почувствувате контрола и мир. Ќе сакате убавина, тишина и друштво на луѓе што не создаваат тензии. Не се согласувајте на сè само за да има мир, вистинската рамнотежа доаѓа кога сте искрени со себе.
Што да направите: уредете го просторот, направете мал ритуал за внатрешен мир.
Што да избегнувате: угодување на другите по секоја цена.
Скорпија
Сѐ што не успеавте да решите во текот на неделата, сега може да се расчисти. Со енергијата на Вага, вашиот фокус оди кон простување и пуштање. Не дозволувајте гордоста да ве задржи во стар конфликт.
Што да направите: напишете или изговорете што ви тежи.
Што да избегнувате: инсистирање да сте во право.
Стрелец
Енергијата на сабота и недела ви одговара, ќе имате мотивација, планови и можност за нешто ново. Но бидете внимателни со зборовите: лесно можете да кажете повеќе од потребното. Работете на нешто што ве возбудува.
Што да направите: нов проект, спорт, спонтано патување.
Што да избегнувате: конфликти на социјални мрежи или со пријатели.
Јарец
Вашата продуктивност се зголемува со Месечината во Девица, но не заборавајте дека е викенд. Балансирајте меѓу обврските и одморот. Внимавајте на исхраната и на тензијата во телото. Потребен ви е одмор колку и резултати.
Што да направите: релаксирачки активности, топла бања, музика.
Што да избегнувате: работа до исцрпеност.
Водолија
Месечината во Вага ве прави поотворени за други мислења и идеи. Добар момент за разговори што ќе расчистат недоразбирања. Не бегате од луѓе што сакаат блискост – ова е викенд за разбирање, не дистанца.
Што да направите: прошетка со пријател, разговор со некој што ви значи.
Што да избегнувате: студен однос или сарказам.
Риби
Овој викенд ве учи да поставите граници. Ќе чувствувате потреба да се повлечете за да се наполните енергетски. Ако некој бара премногу од вас, поставете нежно но цврсто „не“. Вашиот мир е приоритет.
Што да направите: медитација, дневник, краток одмор.
Што да избегнувате: емоционална драма и преголема емпатија кон луѓе што не се искрени.