Познати Се однесувал непресметливо

Познат инфлуенсер убиен од полицијата: Со нож кон нив викал „Ќе ве убијам“!

Канцеларијата на шерифот на округот Медина соопшти дека одговориле на повик за „човек со нож кој се однесува непрасметливо“ и дека кога пристигнала полицијата, Дуарте им се заканил на полицајците.

Познат инфлуенсер убиен од полицијата: Со нож кон нив викал „Ќе ве убијам“!

Виралниот инфлуенсер на храна, Мајкл Дуарте, беше убиен во Тексас откако полицајците го застрелаа кога наводно мавтал со нож и се нафрлил кон нив викајќи: „Ќе ве убијам!“

Мајкл Дуарте, познат на интернет како FoodWithBearHands, бил во Тексас во саботата, само три дена откако ја прослави годишнината од неговата свадба, кога го загубил животот.

Канцеларијата на шерифот на округот Медина соопшти дека одговориле на повик за „човек со нож кој се однесува непресметливо“ и дека кога пристигнала полицијата, Дуарте им се заканил на полицајците.

Во соопштението се вели: „Откако полицаецот му наредил на Дуарте да легне на земја, тој истрчал кон полицаецот викајќи: „Ќе ве убијам!““.

Потоа полицијата отворила оган, а Дуарте починал кратко време подоцна во болница во Сан Антонио.

Неговото семејство, кое ја потврди смртта на таткото на едно девојче, се збогува со „саканиот“ сопруг и татко за кој рече дека беше „одличен пријател за многумина“.

To top