Македонија АМСМ

Сообраќајот утринава се одвива непречено по суви коловози

Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од земјава. 

Сообраќајот утринава се одвива непречено по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта утринава се одвива непречено, по претежно суви коловози, информира Авто мото сојузот на Македонија.

Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од земјава.

Од АМСМ потсетуваат дека од 15 ноември на сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба.

To top