Фудбал

Без победник на пријателскиот меч помеѓу македонската репрезентација и Летонија

Без победник на пријателскиот меч помеѓу македонската репрезентација и Летонија

Без победник и без постигнат гол (0:0) заврши вечерашниот контролен натпревар на македонската фудбалска репрезентација со Летонија.

На средбата одиграна на Национална арена „Тодор Проески“ пред околу 3.500 гледачи, двете репрезентации имаа свои моменти, но не ги искористија шансите.

„Црвено-жолтите“ следниот натпревар ќе го имаат во Кардиф против Велс во квалификациите за Светското првенство 2026 меч кој е да се биде или не и со победа ќе обезбедиме бараж натпревар за пласман на СП наредната година во Канада, САД и Мексико.

Оваа средба е закажана за 18 ноември.

 

To top