Фудбал

Нов пораз на макеоднските млади фудбалери

Нов пораз на макеоднските млади фудбалери

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година запиша уште еден разочарувачки резултат во квалификациите за Европското првенство.

На стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, младите надежи беа поразени од Шведска со убедливи 1-4.

Тоа е четвртиот пораз во пет натпревари за младите македонски фудбалери.

Натпреварот започна со оптимизам. Во 12. минута, Елези ја искористи првата вистинска шанса и со прецизен удар донесе водство од 1-0 за Македонија. Тоа беше момент на надеж и еуфорија за домашната публика, која и покрај „срамна“ бројка.

Но, Швеѓаните брзо се консолидираа. Само десет минути подоцна, Оморовa со два гола во 20-тата и 22.минута направи целосен пресврт.

Македонија не успеа да се врати во игра, а гостите ја презедоа контролата врз средината и темпото на натпреварот.

Во второто полувреме, Сонко во 60. минута зголеми на 1-3, користејќи грешка во одбраната на домаќините. До крајот, Будри во 79. минута го постави конечниот резултат 1-4.

Со овој пораз, Македонија останува на претпоследното место во групата, со само три освоени бода од пет одиграни натпревари.

Следниот натпревар е закажан за 18 ноември, повторно во Битола, каде Македонија ќе се соочи со силната селекција на Полска.

Мечот започнува во 17:00 часот, но останува прашање дали битолската публика, која денеска делумно го бојкотираше натпреварот, ќе се врати на трибините за да даде поддршка на младите фудбалери.

 

To top