Македонија Собрание

Ќе заседаваат пет собраниски комисии

Пред членовите на Комисијата за култура и туризам е една точка на дневниот ред – Активности за подготовка на Предлог-програма за одбележување јубилејни годишнини на значајни настани и истакнати личности за 2026 година. 

Ќе заседаваат пет собраниски комисии

Во Собранието денеска ќе заседаваат пет комисии – Комисијата за одбрана и безбедност, Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Комисијата за финансирање и буџет, Законодавно-правната комисија и Комисијата за култура и туризам.

На дневен ред на Комисијата за одбрана и безбедност е Предлог на законот за изменување на Законот за гранична контрола, во прво читање.

На Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците е Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за правата на заедниците кои се помалку од 20% од населението во Република Македонија, во прво читање.

Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, Предлог на законот за претворање на побарувањата на Република Македонија по основ на јавни давачки во траен влог во Јавното претпријатие за стопанисување со објектите за спорт во сопственост на Република Македонија – Скопје, сите во прво читање, се на дневен ред на Комисијата за финансирање и буџет.

На Законодавно-правната комисија се Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за правата на заедниците кои се помалку од 20% од населението во Република Македонија, Предлог на законот за изменување на Законот за гранична контрола, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, Предлог на законот за претворање на побарувањата на Република Македонија по основ на јавни давачки во траен влог во Јавното претпријатие за стопанисување со објектите за спорт во сопственост на Република Македонија – Скопје, сите во прво читање.

Пред членовите на Комисијата за култура и туризам е една точка на дневниот ред – Активности за подготовка на Предлог-програма за одбележување јубилејни годишнини на значајни настани и истакнати личности за 2026 година. 

To top