Поради уличен дефект на булевар „Александар Македонски“, со прекинато водоснабдување се дел од корисниците од булеварот, како и од „Јани Лукровски“, „Трифун Хаџијанев“, „Лазар Поптрајков“,„Бапчор“ и „16-та Македонска Бригада“ – ниска зона, соопштија од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје.
Како што појаснија, водоснабдувањето било прекинато од 14 часот, а ќе трае до завршување на санацијата на дефектот.