– Во контиунитет инвестираме, имаме и голем број на активни проекти кои во моментот се реализираат. Еден од нив е 110 киловолтниот далекувод Прилеп – Битола, во тек е продолжувањето на договорот за реализација на интерконекцијата меѓу Македонија и Албанија. Во исто време го очекуваме и реакторот за реактивна енергија којшто треба да се инсталира во 400-киловолтната трафостаница Дуброво со којшто би се довеле во нормални граници на приликите во нашата држава. Покрај овие проекти, имаме аплицирано и за голем број грантови преку механизамот за инвестирање во Западен Балкан така што можеме да кажеме дека не само во сегашноста, туку и во преспектива ја планираме надградбата и инвестирањето во пресносната мрежа со цел да овозможивме непрекинато снабдување на граѓаните со електрична енегија – изјави Александар Пауноски од МЕПСО.
Македонија
граѓаните треба да бидат спокојни
МЕПСО не очекуваат испади во текот на зимскиот период