Регион грозоморен акт во војната 1993-1995-та година

Отворена истрага за „викенд-снајперисти“ од Италија кои убивале луѓе во Сараево

Тоа биле многу пари. Секој плаќал сума за која денес би можеле да купите трисобен апартман во центарот на Милано. Работеле до петок, заминувале да убиваат, и се враќале во недела вечер, вели Гавацени.

Отворена истрага за „викенд-снајперисти“ од Италија кои убивале луѓе во Сараево

Ги нарекувале „викенд-снајперисти“. Богати и крволочни Италијанци, но и Германци, Французи, Англичани, Шпанци, Канаѓани, Американци, во периодот од 1993 до 1995 година плаќале големи суми пари за да пукаат врз жители на опколено Сараево.

Триесет години подоцна, Обвинителството во Милано реши да покрене истрага за „доброволни убиства отежнати од суровост и подмолни мотиви“, врз основа на тужбата поднесена од писателот Ецио Гавацени, кој собрал докази за обвинувањата за учество на Италијанци во масакрот.

Гавацени уште за време на Војната во Босна првпат во италијанскиот печат прочитал извештаи за „снајперски туристи“, а документарецот „Сараево Сафари“ од 2022 година од словенечкиот режисер Миран Зупанич го мотивирал да истражува подлабоко. Во документарецот, поранешен српски војник сведочел дека западњаци пукаат врз цивилното население од ридовите околу Сараево. Неговите тврдења биле негирани од српски воени ветерани.

„Сараево Сафари“ беше почетна точка. Почнав преписка со директорот и ја проширив мојата истрага сè додека не собрав доволно материјал за да им го презентирам на обвинителите во Милано, изјави Гавацени.

Тој тврди дека „многу, многу Италијанци“ биле вмешани, но не даде ни приближна бројка. Не ја наведе ни сумата што ја плаќале „викенд-снајперистите“.

Тоа биле многу пари. Секој плаќал сума за која денес би можеле да купите трисобен апартман во центарот на Милано. Работеле до петок, заминувале да убиваат, и се враќале во недела вечер, вели Гавацени.

To top