СДС е во целосен распад по дебаклот на локалните избори, а кадровските промени кои ги најавува Филипче пропаѓаат уште пред да почнат. Никој не сака да биде дел од неговата губитничка, арогантна и компромитирана клика, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Од владејачката партија додаваат дека никој повеќе не сака да се идентификува со политиките на кланот Заеви и Филипче, кои СДС од државотворна партија, ја претворија во симбол на порази, поделби, лични интереси и предавства.
„Филипче под менторство на Заев, ја уништи довербата кај граѓаните и симпатизерите на СДС, а партијата ја сведе на 120 илјади гласа, што е огромен политички неуспех на раководство во СДС.
Филипче ја турка СДС во лидерска криза. Филипче ниту кај поранешни функционери и симпатизери на СДС, не е перципиран како лидер и не ужива доверба. Дел од овие луѓе со кои Филипче се има видено изминатиов период, не сакале да бидат дел од раководството на СДС“, потенцираат во соопштението.
Дури и најгласните поддржувачи и некогашни функционери во СДС денес одбиваат да бидат дел од СДС. Никој повеќе не сака да стои зад Филипче, кој со својата неспособност и лукративни цели на кланот Заеви ја закопа партијата на дното, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
СДС се соочува со лидерска криза кој ја блокира реформата во партијата. Единствениот чекор, кој може да ја спаси СДС од целосен распад, е итна оставка на Филипче и започнување на вистински внатрешни реформи, соопшти владејачката партија.