Општина Аеродром организира настан по повод почнувањето на проектот „Фискална едукација“. Покрај градоначалникот Дејан Митески, ќе присуствуваат и директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова, како и државната секретарка во Министерството за образование и наука, Елена Ивановска.
Настанот ќе се одржи во ООУ „Браќа Миладиновци“.
-Со овој проект, Општина Аеродром станува прва општина во државата што ја воведува фискалната едукација во основните училишта, се наведува во најавата.