Скопје општина Газаи Баба

Стефковски: Започна исплатата на надомест за првачиња, новороденчиња и еднократна парична помош

Исплатата на овие средства досега не беше реализирана поради ограничувањата пропишани во Изборниот законик, а во врска со оддржувањето на локалните избори кој со Заклучок за конечност на резултати од Државната изборна комисија завршија вчера, потенцира Стефковски во објавата.

Стефковски: Започна исплатата на надомест за првачиња, новороденчиња и еднократна парична помош

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски информа дека започна со исплата на финансиските средства по поднесени барања за првачиња, новороденчиња и еднократна парична помош.

Во ова се опфатени 708 семејства распоредени во три категории и тоа:
-518 семејства кои имаат поднесено барање за надоместок за прваче ќе добијат по 3000 денари;
-136 семејства кои имаат поднесено барање за надоместок за новороденче ќе добијат по 5000 денари;
-54 семејства кои имаат поднесено барање за еднократна парична помош по различни основи, а согласно Одлуката на Комисијата ќе ги добијат финансиските средства кои им се доделени.

Исплатата на овие средства досега не беше реализирана поради ограничувањата пропишани во Изборниот законик, а во врска со оддржувањето на локалните избори кој со Заклучок за конечност на резултати од Државната изборна комисија завршија вчера, потенцира Стефковски во објавата.

🙌ЗАПОЧНУВА ИСПЛАТАТА НА НАДОМЕСТОКОТ ЗА ПРВАЧИЊА, НОВОРОДЕНЧИЊА И ЕДНОКРАТНА ПАРИЧНА ПОМОШ!

Почитувани сограѓани,
Ве…

Posted by Бобан Стефковски on Вторник, 11 ноември 2025

Најнови вести од Скопје

To top