Регионалниот центар за гранични работи Југ поднесе кривична пријава против Х.А.Н.(28) од Сирија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“ и против Д.Ј.(37) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „криумчарење мигранти“ и „фалсификување исправа“.
Нa 04.11.2025 првопријавениот, од територијата на Р.Грција прифатил 13 мигранти од Египет, од кои шест се деца, по што илегално ги префрлил на територијата на Република Македонија, од каде требале да бидат прифатени од страна на второпријавениот со патничко возило „шевролет каптива”.