Храна и Пијалаци Зимница

Малиџано

Постојат многу рецепти за овој вкусен намаз од модар патлиџан, Се служи како предјадење со пита леб, но се додава и како една од салатите со главното јадење.

Малиџано

Состојки:

  • 4 средни модри патлиџани
  • 200 грама  фета сирење
  • 4-5 чешниња лук
  • 50 мл маслиново масло
  • 50-60 грама ситно сецкани ореви
  • 1 лажица сок од лимон
  • магдонос
  • сол и бибер по желба

 

Подготовка:

Печете ги модрите патлиџани во рерна, кога малку ќе се изладат, излупете ја кожата и исечкајте ги. Изгмечете го лукот и сирењето, додадете ги оревите и сечканите модри патлиџани, додадете сол, малку бибер и сок од лимон и прелијте го загреаното масло врз сè додека не зоврие (не смее да зоврие). Модрите патлиџани едноставно ја впиваат маснотијата и стануваат исклучително фини. Зачинете со магдонос.

To top