Скопје свеченост

Одбележан патрониот празник на ООУ „Ристо Крле“ во општина Илинден

Овогодинашното одбележување беше под мотото: „Од детски сон, до идна професија – училишните клупи не создаваат само знаење, создаваат иднина!“

Одбележан патрониот празник на ООУ „Ристо Крле“ во општина Илинден

Во основното училиште „Ристо Крле“ во населеното место Кадино, заедно со подрачните училишта од Мралино и Бунарџик, во свечена и пријатна атмосфера беше одбележан патрониот празник на училиштето. Настанот изобилуваше со бројни активности преку кои учениците ја изразија својата креативност и љубов кон знаењето.

Во рамките на свеченоста, делегација предводена од градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, и делегација предводена од директорот на училиштето, Јовче Петковски, положија свежо цвеќе пред бистата на патронот.

Овогодинашното одбележување беше под мотото: „Од детски сон, до идна професија – училишните клупи не создаваат само знаење, создаваат иднина!“

Преку богата и разновидна програма, учениците ги покажаа своите таленти и посветеност. Публиката со бурни аплаузи ги награди сите учесници, создавајќи атмосфера исполнета со радост, гордост и заедништво.

Ова одбележувањето на патрониот празник уште еднаш потврди дека ООУ „Ристо Крле“ е училиште кое негува традиција, знаење и култура, но пред сè, ја поттикнува љубовта кон учењето и ја гради иднината на своите ученици.

Настанот беше симбол на заедништво меѓу учениците, наставниците и локалната заедница, кои заедно ја слават мисијата на образованието.

Најнови вести од Скопје

To top