Состојки:
1 главица зелена салата
300 г пилешки гради
100 г димена сланина
3 чешниња лук
сок од 1 лимон
маслиново масло
сол, бибер
5 лажици мајонез
2 парчиња потпечен леб
пармезан
1. Ситно исечкајте ја сланината и пржете ја неколку минути на тавче без да додавате маснотии (не смее да биде препржена). Потоа, извадете ја и ставете ја кујнска хартија за да се впијат маснотиите.
2. Во истото тавче пропржете го потпечениот леб, претходно исечкан на ситни коцки и измешан со исечкан лук.
3. На грил-тава испечете го пилешкото месо исечкано на ленти.
4. Измешајте маслиново масло со сок од лимон, додајте сол и бибер, па прелејте го преку салатата што претходно добро сте ја измиле и исечкале. Додајте пилешко, сланина, пржен тост, сето тоа заедно помешајте го и на крај, посипете пармезан.