Свет Виетнам

Тајфунот Калмаеги усмрти најмалку пет лица

Најмалку пет лица загинаа откако тајфунот Калмаеги вчера го погоди централниот дел на Виетнам. Виетнамските централни провинции Дак Лак и Џа Лај беа погодени од обилни дождови и ветер со брзина до 149 километри на час

Тајфунот Калмаеги усмрти најмалку пет лица

Најмалку пет лица загинаа откако тајфунот Калмаеги вчера го погоди централниот дел на Виетнам. Виетнамските централни провинции Дак Лак и Џа Лај беа погодени од обилни дождови и ветер со брзина до 149 километри на час.

Невремето предизвика  прекин во снабдувањето со електрична енергија, затворени се шест аеродроми и откажани се стотици летови. Железничката линија во Куанг Нгаи е оштетена, а поплавени се голем број куќи.

Владата на Виетнам соопшти дека мобилизирала повеќе од 268.000 војници за пребарување и спасување и предупреди на потенцијални поплави во ниските области и лизгање на земјиштето.

Тајфунот Калмаеги е 13-та бура што во погоди Виетнам оваа година.

Претходно, Калмаеги на Филипини усмрти 188 луѓе и предизвика голема материјална штета.

To top