Храна и Пијалаци Вкусен рецепт

Карфиол со две сирења

Ова е како гибаница од карфиол, извонредно, вкусно и декоративно.

Карфиол со две сирења

Состојки:

  • 1кг карфиол
  • 3 јајца
  • 300 грама павлака
  • сол
  • мелен бибер
  • пармезан
  • 200 грама рендано сирење
  • масло

 

Подготовка:

Исчистете го, измијте го и искинете го карфиолот на цветчиња. Додадете ги во врела вода околу 10 минути за да омекнат. Изматете ги јајцата рачно, зачинете со сол и црн бибер, додадете ја павлаката и добро измешајте. Ако е премногу густа, додадете малку млеко. Извадете го карфиолот од водата и истурете го дресингот во сад намастен. Посипете обилно со пармезан и ставете го ренданото сирење одозгора.Печете во претходно загреана рерна додека не добие златно-кафеава боја, околу половина час. Може да биде ладно или топло предјадење или главно јадење со салата.

To top