И по повеќе од 35 дена, нема абер од линиите на Венко. Блефот со „линиите“ во кампањата им донесе 6 општини, од 16 на претходните избори. Народот вели „ќар до гуша“…И по повеќе од 35 дена, нема абер од линиите на Венко. Блефот со „линиите“ во кампањата им донесе 6 општини, од 16 на претходните избори. Народот вели „ќар до гуша“… Веројатно, во траор од „победата“ ги забаталиле во некоја фиока. Велат, дека од цревени, преминале на бели линии, за да ја удават тагата и болката. по пример на синот на Фрчко…
Претседателот на Собранието Африм Гаши вчера информираше дека претседателот на СДСМ и пратеник, Венко Филипче, досега не ја доставил резолуцијата до законодавниот дом, за да може да биде ставена на дневен ред на пленарна седница.
Филипче летово најави дека СДСМ ќе поднесе резолуција за македонските црвени линии во Собранието со која се штити македонскиот идентитет и повика таа да биде усвоена со консензус од 120 пратеници.
Премиерот Христијан Мицоски, пак, коментираше дека опозицијата со пазарџиски трикови сака да спакува нов подарок за источниот сосед, односно, нова отстапка на грбот на македонскиот народ.
Филипче на 25 септември ја обелодени содржоната на резолуцијата која се потпира на две главни точки – Владата и сите институции доследно да се придржуваат кон определбата за безусловно почитување на јазичните, идентитетските, историските и културните особености на македонскиот народ, како елементи за кои не се преговара со ЕУ и дека Македонија е подготвена да ги исполни обврските од Преговарачката рамка со ЕУ, вклучувајќи ги и уставните измени, со јасна определба дека е тоа последната пречка, без прифаќање на нови барања или прашања од билатерален и идентитетски карактер.
Документот, како што посочи, содржел и конкретна временска рамка, односно, Владата од 15 до 25 ноември 2025 година да се изјасни дали останува на истиот текст или подготвува и предлага нов текст на уставните амандмани.
Ако предлага нов текст на амандманите, тој да биде усвоен од Владата и доставен до Собранието до 1 декември 2025 година.
Во резолуцијата се предлага и Собранието да ја почне постапката за измена на Уставот и да се достигне до фазата на прво гласање најдоцна до 15 декември 2025 година, а Собранието да ја заврши постапката најдоцна до 10 февруари 2026 година и истиот ден Владата да испрати писмо до државите членки на ЕУ и до Европската комисија дека е исполнета нашата обврска за одблокирање на преговарачкиот процес.
Филипче пред локалните избори изборите повика и за резолуцијата подетално да се разговара по изборниот процес.