Фудбал

Во продажба билетите за последниот меч на фудбалерите оваа година во Скопје

Во продажба билетите за последниот меч на фудбалерите оваа година во Скопје

Фудбалската федерација на Македонија ја отвори продажбата на билетите за натпреварот меѓу Македонија и Летонија кој ќе биде последен на фудбалерите оваа година во Скопје.

Средбата ќе биде од пријателски карактер, а за нас доаѓа во клучен момент и пред решавачкиот натпревар од квалификациите за Светското првенство. Македонија ќе му гостува на Велс, па против Летонците ќе треба да се воиграат за последниот меч од квалификациите.

ФФМ објави дека билетите ќе чинат по 200 и 300 денари, а отворени ќе бидат само јужната и северната трибина.

To top