Култура визуелен уметник

Промоција на „Синхроницитети – Чувари на приказната“ од Марко Трпески

На промоцијата, низ играта „Синхроницитети – Чувари на приказната“ ќе ве поведат тројцата чувари на приказната: Ана Голејшка Џикова, Коста Милков и Ѓоко Здравески.

Промоција на „Синхроницитети – Чувари на приказната“ од Марко Трпески

Известување за промоција и изложба на новото авторско дело на визуелниот уметник Марко Трпески – „Синхроницитети – Чувари на приказната“, што ќе се одржи на 05 ноември (среда) во 19:00 часот во галеријата Метаноја.

„Синхроницитети – Чувари на приказната“ е друштвена (или осаменичка) игра чија цел е да поттикне креативно пишување и патешествие низ значенските мапи на симболите, потсвеста и имагинацијата. Играта ги поврзува визуелното и зборот во еден интуитивен процес на создавање и размислување.

На промоцијата, низ играта „Синхроницитети – Чувари на приказната“ ќе ве поведат тројцата чувари на приказната: Ана Голејшка Џикова, Коста Милков и Ѓоко Здравески.

Настанот е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија и Општина Ѓорче Петров.

Марко Трпески (1990, Скопје) е визуелен уметник, илустратор и графички дизајнер, основач на студиото „Метафора“ и коосновач на „Скопје колаж колектив“. Автор е на изданијата „Метафора – поглед зад огледалата“ и „Метафора – жито, какол и парчиња стакло“.

To top