Свет

Хамнеи: Соработка ќе биде можна само кога САД ќе престанат да го поддржуваат Израел

Лидерот на Исламската револуција, ајатолахот Али Хамнеи, денес изјави дека конфликтот меѓу САД и Иран е фундаментално несовпаѓање меѓу интересите на двата система и дека соработката ќе биде можна само кога Вашингтон ќе престане да го поддржува Израел.

Хамнеи: Соработка ќе биде можна само кога САД ќе престанат да го поддржуваат Израел

Лидерот на Исламската револуција, ајатолахот Али Хамнеи, денес изјави дека конфликтот меѓу САД и Иран е фундаментално несовпаѓање меѓу интересите на двата система и дека соработката ќе биде можна само кога Вашингтон ќе престане да го поддржува Израел.

-Разликата меѓу Иран и САД не е само тактичка, туку и суштинска, која се темели на несогласувањето на интересите на двата различни системи. Само кога Америка ќе престане да го поддржува ционистичкиот режим и ќе ги повлече своите воени бази од регионот, ќе биде можно да се разгледа можна соработка со САД, рече Хамнеи по повод годишнината од заземањето на американската амбасада во Техеран на 4 ноември 1979 година, пренесува ИРНА.

Тој нагласи дека 4 ноември е ден на гордост за Иран бидејќи ја демонстрира својата независност, истакнувајќи дека таквата политика се рефлектира во фактот дека Америка си го зема за себе правото да се меша во внатрешните работи на другите нации, што, како што изјави, е суштината на „империјализмот“.

-Понекогаш поединец или влада се смета себеси за супериорен, но не посегнува по интересите на другите, што во овој случај не предизвикува непријателство. Меѓутоа, понекогаш, како британската Влада во минатото и САД денеска, си даваат право да ја одредат судбината на народот посегнувајќи по нивните витални интереси, или да воспостават воени бази во земја каде што владата не е силна, а народот не е буден, или да ја ограбуваат нафтата и ресурсите на народот. Ова е ароганција кон која сме непријателски настроени, рече Хамнеи.

Запрашан за можноста за соработка со САД во иднина, Хамнеи рече дека Вашингтон секогаш се обидува да ги принуди другите земји да се покорат.

Тој го нарече заземањето на американската амбасада во Техеран во 1979 година ден на „слава и победа“ и „историски“ и „идентитетски“ настан што ја откри „вистинската природа на американската империјалистичка држава“.

Иранскиот врховен верски лидер нагласи дека е потребно да се зачува овој датум во историјата и сеќавањето на народот, како и да се разгледа долгорочниот антагонизам меѓу Иран и САД што започна уште од британско-американската интервенција во Иран во 1953 година и кој, како што изјави, продолжува и денес.

To top