Македонија североисточен регион

Армија: Командата на баталјонот за почести реализираше командантско извидување

Покрај запознавање со географските карактеристики на дел од татковината, им овозможи и посета на дел од богатото културно-историско наследство на регионот, значајно за идните задачи и церемонијални активности на баталјонот, објави Армијата.

Армија: Командата на баталјонот за почести реализираше командантско извидување

Армијата на Република Македонија на ден 30 октомври, со цел запознавање со теренот во североисточниот регион на државата, командата на баталјонот за почести реализираше командантско извидување на Кумановско-кривопаланечкиот правец.

Во рамките на активноста, припадниците ги посетија и спомен-костурницата во Куманово и Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце, како и стратешките коти Зебрњак и неолитската опсерваторија Кокино, потенцираат од Армијата.

Командатското извидување, на припадниците од командата на Баталјонот за почести, покрај запознавање со географските карактеристики на дел од татковината, им овозможи и посета на дел од богатото културно-историско наследство на регионот, значајно за идните задачи и церемонијални активности на баталјонот, објави Армијата.

На ден 30 октомври, со цел запознавање со теренот во североисточниот регион на државата, командата на баталјонот за…

Posted by Армија на Република Северна Македонија on Понеделник, 3 ноември 2025

Најнови вести од Македонија

To top