Македонија Моќта на бројките и влијанието на зборовите и делата (4.ДЕЛ)

АНАЛИЗА на Костов: Голема изборна победа на ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ и дебакл на СДСМ и НАИ/ДУИ

Прва моја констатација е дека сепак во Македонија системот функционира. Тука мислам на изборниот систем(ДИК и сите други избоирни органи – изборни комисии и избирачки одбори), но и на контролниот/безбедносниот систем, а тоа се МВР, Јавното обвинителство и Народниот правобранител. Значи, се можело. Треба да се има воља, дисциплина и одговорност. И ете ти систем кој функционира – и тоа добро функционира.

А резултатите се такви, какви што одредија граѓаните избирачи

АНАЛИЗА на Костов: Голема изборна победа на ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ и дебакл на СДСМ и НАИ/ДУИ

Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е голем победник со освоени 550 советници и 54 општини и Градот Скопје. СДСМ и коалицијата што ја предводи е голем губитник со освоени 233 советници и само 6 градоначалнички места. ВРЕДИ со освоени 131 советник и 8 градоначалници  покажа надмоќ спрема коалицијата НАИ/ДУИ која освои 153 советници и 4 градоначалници

Македонија избираше и избра. Избра градоначалници во 76 општини и Градот Скопје и  советници во советите на тие општини и Градот Скопје. Не се 80 општини од причини што во 4 општини(Гостивар, Маврово и Ростуше, Центар Жупа и Врапчиште) во првиот изборен круг изборниот цензус за излезност не беше исполнет. Изборниот круг е затворен и пред нас се постигнатите резултати. Пред да напишам било што за резултатите, морам најпрвин да истакнам дека и првиот изборен круг, како и вториот, покажаа и потврдија дека ни се случија слободни, фер, демократски и кредибилни локални избори. Најзаслужни за тоа се граѓаните избирачи, а секако соодветен допринос имаат и политичките партии, групите граѓански избирачи и предложените и избрани кандидати. Сите тие допринесоа изборниот процес да се одвива непречено, при што граѓаните можеа да си го остваруваат правото на глас без било какви повреди. Ова е потврдено од сите домашни посматрачи(на подносителите на листи и на граѓанските асоцијации), како и од меѓународните(ОБСЕ/ОДИХИР).

Прва моја констатација е дека сепак во Македонија системот функционира. Тука мислам на изборниот систем(ДИК и сите други избоирни органи – изборни комисии и избирачки одбори), но и на контролниот/безбедносниот систем, а тоа се МВР, Јавното обвинителство и Народниот правобранител. Значи, се можело. Треба да се има воља, дисциплина и одговорност. И ете ти систем кој функционира – и тоа добро функционира.

А резултатите се такви, какви што одредија граѓаните избирачи. Еве како игледаат:

 

За Градоначалници

 

  1. ВМРО-ДПМНЕ – победи во 54 општини/ Имале кандидати во 64 општини и Г. Скопје
  2. ВРЕДИ – победи во 8/ Имале кандидати во 20 општини
  3. СДСМ – победи во 6/ Имале кандидати во 64 општини и Г. Скопје
  4. НАИ/ДУИ – победи во 4/ Имале кандидати во 23 општини
  5. ЗНАМ – победи во 1/ Имале кандидати во 2 општини
  6. Унија на Роми – 1/Имале кнадидат и за Град Скопје
  7. ДПТМ – 1
  8. Независен – 1/ Имале кандидати во 56 општини
  9. Коалиција Искуство за успех – 0/Имале кандидати во 10 општини

Апсолутен победник е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата што ја предводи, со освоени 54 општини и Градот Скопје

 

За Советници

 

  1. ВМРО-ДПМНЕ – 550/ Имале листи во 76 општини и Г. Скопје
  1. СДСМ – 233/ Имале листи во 76 општини и Г. Скопје
  2. НАИ/ДУИ – 153/ Имале листи во 34 општини
  3. ВРЕДИ – 131/ Имале листи во 28 општини
  4. Независни –      / Имале листи во 67 општини
  5. Левица – 66/Имала листи во 54 општини
  6. ЗНАМ – 43
  7. МААК – 4
  8. ДПСМ – 3
  9. ПОДЕМ – 1
  10. ДС – 1
  11. Коалиц. Искуство за успех/ Листи во 36 општини и Г. Скопје
  12. Коалиц. За зелена иднина –    /Имале листи во 12 општини и Г. Скопје

 

И кај советниците апсолутен победник е коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, со освоени 550 советнички места. Мора да го споменам и однесувањето на Левица, која се прикажува и однесува како победник, а реалноста е дека со губење на градоначалничката битка во 20 општини и освојување на само 66 советници, е трета партија во низата на губитници.

Сега некои паралели и компарации: ВМРО-ДПМНЕ со коалицијата освои 54+1 градоначалници, а сите останати заедно 22 градоначалници. Опозицијата(СДСМ, НАИ/ДУИ и Левица) освоија вкупно 10 градоналници(6+4+0), а ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ заедно освоија 64 градоначалници(55+8+1). Односот власт версус опозиција е 64 наспроти 10, во корист на владеачката коалиција(ВМРО-ДПМНЕ, БРЕДИ и ЗНАМ).

Кај советниците состојбата е следна: ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата имаат 550 советници, а СДСМ(233), НАИ/ДУИ(153) и Левица(66), вкупно 452 советници, што е за 98 помалку од советниците на ВМР-ДПМНЕ и коалицијата. Поинаку изразено, ВМРО-ДПМНЕ од СДСМ освоило повеќе 317 советници, од НАИ/ДУИ повеќе 397, а од Левица повеќе за 484 совентници. Кон сите три разликите се поголеми од бројот на советници што поединечно ги освоиле овие две коалиции и една партија. И уште една конпарација, коалициите ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ и партијата ЗНАМ освоиле вкупно 724 советници, а коалициите на СДСМ и НАИ/ДУИ и Левица, освоиле вкупно 452(233+153+66), што е за 272 советника помалку од владеачката коалиција.

Сега ќе ги наведам феномените и синдромите што им се случија на учесниците во изборната трка и го одредија напред наведениот резултат на големи победници и уште поголеми губитници.

Во предизборниот период и за време на изборната кампања СДСМ и ДУИ, според тоа што се говореа, како се однесуваа и спроведувајќи во голема мера негативна кампања, покажаа дека се зафатени од победа по секоја цена(Zero sum game). ДУИ покажа и една друга слабост, а тоа е упорното настојување да го прикаже делот како целина(Pars pro toto), т.е. своите партиски цели да ги претставува како државни, што е далеку од реалноста, па и од паметта. Левица пак никако не можеше да се ослободи од политчката некултура(на лидерот и неколку негови сопартијци) и вулгаризмите, кои граничеа со дегутантност и морбидност.

Што се однесува до феномените тоа се: 1.) Покажана супериорност во поедини општини(СДСМ во Крива Паланка и Центар, ЗНАМ во Куманово, Вреди во Тетово и Чаир, ДУИ во Липково, а ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци, Велес, Битола, Прилеп, Кисела Вода, Ѓорче Петров, Охрид, Гази Баба, Бутел, Аеродром, Штип, и уште во 10-тина други средни и помали општини); 2.) Срушени бастиони(Струмица, Крушево, Берово, Делчево на СДСМ, Кичево, Струга,  Сарај и Чаир, на ДУИ, и Зрновци на ВМРО-ДПМНЕ, како најизразени; 3.) Стратешко размислување/победнички стратегии за Кичево, Струмица, Кочани, Карпош и Град Скопје на ВМРО-ДПМНЕ, Чаир, Тетово и Струга на ВРЕДИ и ВМРО-ДПМНЕ; 4.) Успешен микс од/на генерална организациска стратегија и посебни организациски стратегии и политичко-акциона способност и политичко-акциона готовност на ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ, што е демонстрирање на моќна политичко-акциона перформанса од страна на овие коалиции и партии.

И синдромите и феномените ќе бидат конкретно објаснети во следните продолженија, а секако и добиените изборни битки во најкарактеристичните општини, во кои се пројавија и забележаа супериорноста, срушувањето на бастионите и стратешкото размислување, генералните изборни стратегии и посебните организациски стратегии

.                                                                                                                                                      (продолжува)

Сотир Костов

To top