Храна и Пијалаци рецепт

Солена пита со спанаќ и сирење

За сите љубители на комбинацијата од сирење и спанаќ, еве го рецептот кој е многу едноставен и брз за подготовка и е одличен за појадок или вечера.

Солена пита со спанаќ и сирење

Потребни состојки:

3 чаши брашно и малку за посипување
150 грама путер (ладен)
2 јајца
3 лажици ладна вода
1/2 лажичка сол
1 лажичка сушен босилек (или оригано)

За Фил:

300 грама свежо сецкан спанаќ
3 чаши урда (може да биде фета сирење или друго)
3 свежи јајца
1 лажица маслиново масло
4 лажици јогурт
1/2 лажичка сол
1/2 чаша брашно
1 лажичка прашок за пециво
1/2 чаша пармезан (рендан)
1/3 лажичка мелен црн пипер

Подготовка:

Измешајте го брашното и солта и додадете го ладниот путер. Втријте го путерот со прстите, мешајќи со брашното, додека не се претвори во мали грутки. Додадете ги јајцата, сувиот босилек и водата и добро измешајте сè, обликувајте го во тесто, завиткајте го во пластична фолија и ставете го во фрижидер половина час. Ако спанаќот е свеж, сварете го кратко, само колку да омекне, исецкајте го и добро исцедете го. Ако спанаќот е замрзнат, само добро исцедете го и измешајте го со маслиново масло, јогурт, сирење, јајца, брашно и прашок за пециво. Додадете сол, пармезан и бибер и ставете го во фрижидер… Вклучете ја рерната да се загрее на 350 F – 220 C. Извадете ја кората и одмотајте ја на претходно набрашнета работна површина. Развлечете ја додека не стигне до рабовите на тавата за тарт. Избоцкајте ја кората со вилушка. Истурете ја смесата од сирење и спанаќ врз кората и притиснете со показалецот на секои 1 см за да создадете убави рабови. Печете околу 45 минути додека рабовите на тартот не добијат убава златна боја, но внимавајте да не препечете. Оставете малку да се олади и послужете веднаш.

Сервирање:

Подготвено на овој начин најдобро се јаде веднаш, со чаша јогурт за појадок или вечера.

To top